По мега хитот “Sweet But Psycho“ кој беше и Браво Хит, американката родена во семејство на косовски емигранти, Amanda Ava Koci или само Ava Max, повторно е број „еден“ на Радио Браво. Откако беше „премиера“ во вторникот, оваа седмица Ava Max со својот најнов хит, “So Am I” е Браво Хит No.1 песна и ќе ја слушате на 88,5 Mhz, на почетокот на секој парен час.