• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Божиќ – Христово Рождество

За христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, денес е Рождество Христово – Божиќ. На Божиќ, православните христијани во Македонија се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат „Вистина се роди“. Божиќ е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот – синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16 век сите христијани Божиќ го славеа истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавија разлики. Името Христос е превод на еврејското Месија, што значи Помазаник. За Христос пророкуваа многу еврејски пророци, а неговата појава во тоа време ја очекуваа и многу други народи. Пророците го прорекоа како времето кога ќе се роди, така и местото Витлеем. Исус Христос на човештвото му ја даде силата и власта да ги победи гревот и смртта. Заради тоа, Христос се нарекува спасител.

Специјалната емисија во продукција на Радио Браво: „Враќање кон култот на нашите предци – Празнување на новогодишни празници“.


Празнувањето на Раѓањето Христово се појавило уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“ Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот – начелото на идниот век. Според Лука и Матеј, Исус бил роден во Витлеем. Неговата родена мајка е Марија, по јавувањето на Светиот Дух. Според евангелието на Лука, Архангел Гаврил ја посетил Марија за да и пренесе дека таа е избраницата од Бог да го роди Синот Божји. Според Лука, наредбата на Октавијан Август ги натерљала Марија и Јосиф на го напуштат Витлеем и да се префрлат во Назарет во куќата на предоците на Јосиф, во кој спаѓа и царот Давид. По раѓањето на Исус, Матеј пишува за мудрите владари кои му донеле дарови на Исус, кои пак ја пратиле ѕвездата за која верувале дека е знак дека се родил кралот на евреите. Исус своето детство го поминал во Назарет, Галилеја. Исус престојувал и во Египет, по наредбата на Ирод Велики за колење на невините деца, плашејќи се и самиот тој од ѕвездата која ја видол. Според Матеј, тој и неговото семејство во Египет останал се до смртта на Ирод Велики, по кое тие отишле во Назарет. Лука е единствениот кој зборува околу настанот кога Исусовите родители го нашле својот син во храмот, за кој сметале дека се изгубил. Тое е и единствениот случај од евангелието во кој се опишува животот на Исус помеѓу раѓањето и крстењето. По евангелието на Марко, Исус бил нарекуван дрводелец. Според тоа, се смета дека Исус во своите триесет години бил столар, занает кој го водил со својот татко Јосиф.

© Radio Bravo - Kumanovo