• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

За „Карпошовата вечер“ во Културниот Информатор

Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав „Христијан Карпош“, денеска во 18 часот, ќе го чествува името на својот патрон, Христијан Тодоровски Карпош. Ќе се одржи „Карпошова вечер“ на која ќе говори председателот на Здружението , а учениците од ОУ „Христијан Карпош“ од населбата Перо Чичо ќе читаат лични поетски творби за овој великан и ќе изведат неколку музички точки.

Пригодната свеченост ќе се реализира во просториите на клубот на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав „Христијан Карпош“. Повеќе за овој настан по повод 73 години од загинувањето на овој народен херој, во денешниот Културен Информатор на Радио Браво ќе слушнеме од  Борко Стојановски, портпарол на Здружението.

Културен Информатор на Радио Браво, емитуван на 6-ти февруари во:12:40; 14:20; 16:50 и 19:20 часот.

© Radio Bravo - Kumanovo