Македонската модна дизајнерка Елена Спасовска на Модната недела, ја претстави својата колекција „Спектакл 2014“ и тоа преку перформанс, во кој девојките од балетското студио „Ултра“ во кореографија на Александра Димитриевска ни раскажаа приказна која почнува како кабаре, но на крајот завршува како циркус. Имаше многу музика, танц и шаренило.