Црвениот крст на Република Македонија преку Општинската организација на 110 семејства кои се зафатени од последиците на неодамнешните немили случувања во Дива населба (урбана заедница Тоде Мендол), Куманово. Доделена е помош во храна, средства за хигиена, средства за дезинфекција, ќебиња, вода за пиење, чизми. Црвениот крст на РМ преку Општинската организација во Куманово и понатаму ја следи состојбата и согласно проценката на терен прави напори за обезбедување на соодветна хуманитарна помош за семејствата.
По тој повод, гости во Радио Браво се Сани Росевска и Филип Кузмановски од Општинската организација на Црвениот крст во Куманово.