Во саботата, на 23 мај на Арената Филип Втори во Скопје се одржа државното пионерско првенство во атлетика. Атлетскиот клуб Куманово го имаше најуспешниот настап до сега и освои најголем број на први места односно златни одличја, вкупно 12 златни или вкупно 20 медали, што е убедливо најголем број на медали од сите клубови.
Подолу можете да ги слушнете Филип Колевски, тренер на Атлетскиот клуб Куманово и Милан Вељковиќ, најуспешниот пионер на првенството и член на клубот од нашиот град.