Бошко Тасиќ со денешниот рапорт и изјавите на актерите во мечот Македонија – Словенија за Спортските Вести на Радио Браво кои се емитуваат во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот…
На вчерашниот, 6-ти натпреварувачки ден на СП во Франција, се одиграа натпревари во рамките на третото коло од сите групи. Ден во кој нашата репрезентација го забележа првиот пораз од Словенија, 29:22.
Резултати:
Група А (Nantes)
- Полска 20-24 Русија
Група Б (Metz)
- Словенија 29-22 Македонија
- Шпанија 42:22 Ангола
Група Ц (Rouen)
- Унгарија 34-29 Чиле
- Хрватска 31-25 Белорусија
Група Д (Paris)
- Египет 31-29 Бахраим
- Данска 27-25 Шведска
На СП во Франција денес се играат натпревари од сите групи, во рамките од 3-то и 4-то коло. Македонија денес ќе одмара, па за нас најинтересен е мечот од нашата група, помеѓу репрезентациите на Словенија и Исланд. Во кој, доколку победат словенците, македонската репрезентација ќе обезбеди 1/8 финале како 4-та репрезентација.
Распоред на натпревари:
Група А (Nantes)
- Норвешка – Бразил(14:00 часот)
- Полска – Јапонија (17:45 часот)
- Русија – Франција (20:45 часот, МРТ1 пренос)
Група Б (Metz)
- Словенија – Тунис (17:45 часот)
- Ангола – Исланд (20:45 часот)
Група Ц (Rouen)
- Германија – Саудиска Арабија (17:45 часот)
Група Д (Paris)
- Катар – Аргентина (17:45 часот)