• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Да рециклираме и да се наградуваме, гост Бобан Бојковски

“ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” – наградна игра на Елколект ДОО во општина Куманово

Бобан Бојковски, овластен инспектор за животна средина во општина Куманово ја најави и ги објасни правилата на наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме“, која ја организира компанијата „Елколект“ во соработка со општина Куманово.


Елколект ДОО на жителите на општина Куманово,во периодот од 2-ри Мајдо 28-ми Jуни, ќе им овозможи да учествуваат во акција за ослободување од своите отпадни електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди (ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер). Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Куманово станува потенцијален добитник на вредна наградна. . Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за добивање награда. Еко магацините на Елколект во општина Куманово селоцираниво:ОУ „Х.Т. Kарпош“,ОУ „КочоРацин“,ОУ „БраќаМиладиновци“, Jeronimde Rada – с. Черкезе. Подетални информации околу правилата на наградната игра жителите на Куманово може да добијат и со повик на тел: 02/309 77 66 или на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk.

Во општина Куманово, акцијата започнува на 2-ри мај, а завршува со извлекување на наградите на 28ми јуни 2017. Награден фонд: ЛЕД ТВ , фотоапарат Sony DSC W800B, Gigabyte смарт телефон G Class – LTE, Dual Sim, 5.00″ HD IPS(1Z80*720 pix), Пионир ДВД 2242 и тостер Хјундаи SM626.
Потенцијален добитник на една од овие пет награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде се поставени еко магацините на Елколект ДОО на територија на Општина Куманово.

За секој отпаден електричен и електронски апарат доставен до еко магацинот на Елколект на една од наведените локации ќе добие награден купон за учество во наградната игра “ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Купонот во кој е впишан реден број и содржи печат од организаторот е составен од два идентични дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот треба да гостави во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на среќните добитници. За секој поединечен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува можноста за освојување на вредна награда.Важно е да се напомене дека одредени видови отпадни електрични и електронски апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ, електричен и електронски алат и електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт. Започнувајќи од оваа акција за доставени пет отпадни сијалици се добива еден награден купон.
ПРАВИЛА ЗА ДАВАЊЕ НА КУПОНИ

Постои можност за добивање два купона за еден доставен апарат. Бројот на купони кое лицето ќе ги добие зависи од категоријата на електричен или електронски апарат кој ќе го достави. Имено:

ДВА КУПОНА носат: Категорија 1 (големи домашни апарати) Категорија 3 (опрема за информатичка технологија и телекомуникации) Категорија 4 (опрема за широка потрошувачка и забавна електроника) и категорија 6 (електричен и електронски алат, со исклучок на неподвижни индустриски орудија со големи размери)

ЕДЕН КУПОН носат: Категорија 2 (мали домашни апарати) Категорија 7 (електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт) Категорија 9 (инструменти за следење и контрола) Категорија 5 (опрема за осветлување) и Категорија 5.1 (5 парчиња сијалици: флуоросцентни, натриумови, халогени и тн.)

© Radio Bravo - Kumanovo