За денешниот Премиера Хит, “Coachella – Woodstock In My Mind”, најпрво слушнавме од самата Lana Del Rey, поточно од нејзиниот Instagram, каде што на 17-ти април, ја видовме како ја пее. Но дури на 13 мај се појави на арапскиот стриминг сервис Anghami. Потоа на социјалните мрежи ја најави Lana Del Rey со зборовите: „Благословено е да се прави музика, воопшто. Изминатиов месец, ја напишав Coachella со која се враќам назад, се надевам на вистионскиот пат“.