“Halestorm” е американски хард рок бенд од Ред Лион, Пенсилванија, кој се состои од водечкиот вокалист и гитарист Lzzy Hale, тапанарот а воедно и нејзин брат, Arejay Hale, гитаристот Joe Hottinger и басистот Josh Smith. Во мај, 2018 година, бендот објави дека излегувањето на нивниот нов албум, “Vicious” ќе биде на 27 јули 2018 година. Тие го издадоа првиот сингл од албумот, “Uncomfortable” кој е денешната Премиера Хит на Радио Браво.