Héloïse Letissier која на музичката сцена работи под името Christine and the Queens е француска пејачка и композитор, родена во Нант во 1988-та година и зад себе има два студиски албум. Вториот го објави годинава, на првиот ден од есента, 21-ви септември насловен едноставно како – Chris и има две верзии, француска и англиска. Овој викенд како Премиера Хит на Радио Браво ќе ја слушаме Christine And The Queens во англиската верзија на “The Walker“.