• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Александра Јанева – Срце отвори (Премиера Хит)

По успехот на минатогодишниот хит „Еуфорија“ отпеан во дует со колешката Наташа Малинкова и соло синглот кој излезе пред него насловен „Ќе се вратам некој ден“, Александра Јанева ја продолжува соработката со истиот тим. Така, и овој пат автори на новото музичко остварување на Јанева,  песната „Срце отвори“ се Панче Илиев и Иле Спасев, кој ги потпишува и аранжманот и продукцијата на песната, додека стиховите се исто така одново авторско дело на познатиот текстописец Огнен Неделковски.


Едноставното видео со лирик моменти од текстот на песната го потпишува Пеце Здравковски, додека зад камерата стоел Ѓорѓи Вацев, видео продуцирано од „Пинестел продукција“. За изгледот на пејачката пак се погрижила стилистката Милена Танаскоска, акако сето тоа спакувано звучи и изгледа кога Александра Јанева ќе побара од него „Срце (да) отвори“, проследете во продолжение.


 

© Radio Bravo - Kumanovo