“My Mind & Me” е песна на пејачката и актерката Selena Gomez, снимена за трејлерот за документарниот филм со исто име. Документарниот филм премиерно беше прикажан на American Film Institute фестивалот на 2 ноември, а на 4-ти ноември беше прикажан и преку streaming сервисот Apple TV+. Режиран е од страна на Alek Keshishian, а ја раскажува приказната на Selena во 6-годишниот период на борбата со славата и нејзината здравствена и ментална состојба по утврдените дијагнози.