Норвешкиот DJ Kyrre Gørvell-Dahll, на светот познат како Kygo уште еднаш покажа колку ги сака хитовите од 80-тите години од минатиот век. Покрај обработките на Whitney Houston на хитот на Steve Winwood “Higher Love” во 2019, на “What’s Love Got To Do With It” на Tina Turner и “Hot Stuff” на Donna Summer во 2020 година, неговата најнова обработка е “Say Say Say” на Paul McCartney и Michael Jackson од 1983-тата година.