Miley Cyrus на полноќ на 17 мај 2024 година ја објави обработката на безвременската тема на групата Talking Heads од 1977 година, “Psycho Killer”. Новата верзија е дел од албумот на оваа американска пејачка под име Everyone’s Getting Involved: A Tribute to Talking Heads’ Stop Making Sense, целосно посветен на култниот new wave бенд предводен од David Byrne.