• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Драмата „Р“ во изведба на КУД „Ѓоко Симоновски“


Здружението на пензионери „Куманово“ се вклучи во одбележувањето на Денот на ослободувањето на Куманово, 11-ти Ноември. Нивното КУД „Ѓоко Симоновски„ синоќа во МКЦ „Козјак“ ја изведе драмата „Р“ од Јордан Плевнеш. Со оваа претстава, нашите пензионери учествуваа на во официјалната конкуренција на 49. издание на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ), кој од 27 мај до 1 јуни се одржа во Кочани.

Оваа утро во Уртинската програма на Радио Браво имавме двајца гости. Спирко Николовски, претседател на Здружението на пензионери „Куманово“, кој зборуваше за синоќешниот настан и Славица Ламбаша која пак како претседател на Комисијата за културно – уметнички самодејности на Здружението, повеќе обрна внимание на активностите на КУД „Ѓоко Симоновски“, како што се излижбата „Самоуки“ која изминатиов месец беше поставена во НУЦК „Трајко Прокопиев“ и концертот на Хорот на здужението на пензионери „Куманово“.
Разговор со Спирко Николовски и Славица Ламбаша

ФОТО галерија од изведбата на драмата „Р“ на КУД „Ѓоко Симоновски“
[galleryimage id=’15’]

© Radio Bravo - Kumanovo