• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Честит 8-ми Март


Вработените во Радио Браво им го честитаат празникот 8-ми Март на сите припаднички на понежниот пол.
Започнувајќи од 1910 година кога за прв пат се славеше овој ден, до денес се навршуваат 109 години како жената го има овој ден за свој празник. Следува анкета…


Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март е празник кој во својата суштина ги содржи економските, политичките и општествените достигнувања на жените и нејзината борба за родова рамноправност.

Првите јавни демонстрации на жените вработени во текстилната индустрија биле организирани на 8 Mарт 1857 година во Њујорк. Текстилните работнички протестирале поради лошите услови за работа и ниските плати. Протести на истиот датум се случувале и наредните години, од кои најпознати биле во 1908 година, кога 15 илјади жени марширале низ Њујорк барајќи пократко работно време, подобри плати и право на глас. Првата меѓународна женска конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала. На конференцијата по предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин, 8 Март е утврден како празник на жените. Во наредните години празникот започнале да го одбележуваат милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија, Швајцарија…

Во 1977 година, Обединетите Нации го прогласија 8 Март за ”Меѓународен ден на правата на жените”. Од тогаш, празникот има симболично значење, посебно за државите каде што жените се уште водат борба за основните права и секаде каде што жените се жртви на насилство и нееднаквост.

© Radio Bravo - Kumanovo