• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Обединетата српска заедница го прославува Свети Сава

Часлав Јовановиќ, претседател на Обединетата српска заедница во Куманово е гостин во денешниот Браво Културен Информатор кој се емитува на 88,5 Mh во: 12:40; 14:20; 16:50 и 19:20 часот.

Обединетата српска заедница од Куманово, организира прослава по повод Свети Сава, националниот празник на Србите во Македонија. Настанот е закажан за вечерва во 19 часот, во Младинскиот културен центар Козјак.


Учество ќе земат учениците од Основното училиште Вук Караџиќ со хорот и драмската секција, како и учениците од Основното училиште Христијан Тодоровски Карпош од Старо Нагоричане. На прослaвата ќе присуствуваат претставници од локалната власт од Куманово и Старо Нагоричане, како и гости од соседна, Република Србија.

© Radio Bravo - Kumanovo