• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Владимир Четкар во Браво Културен Информатор

Пред вечерашниот настап на Куманово Џез Фестивал, Радио Браво “го има” на својата фрекфенција главната ѕвезда на фестивалот, Владимир Четкар.

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утревечер од 20 часот ќе се одржи џез-фестивал во организација на Институтот за наука, уметност, култура и спорт, со поддршка на Министерството за култура. Кумановци по неколку години повторно ќе имаат можност да уживаат во џез-музиката. Пред кумановската публика ќе настапи составот МС-бенд, кој свири музика на светот, софт-џез и етно-џез, потоа составот „Филип Стевановски бенд“, кој има издадено пет албуми, и Владимир Четкар кој од меѓународните критичари е прогласен за едно од најветувачките имиња во жанрот на џез, фанк и соул музиката.


 

Емитувано во Браво Културен Информатор на 22-ри септември во 12:40; 14:20; 16:50 и 19:20 часот.

 

Со неговата страст, енергија и разновидна музичка личност, белег на Владимир Четкар е неговата способност да ги комбинира многуте таленти како: гитарист, вокалист, аранжер, композитор и продуцент. Евидентните музички влијанија што ги имал, може да ве пренесат назад во времето на музичката ера кога бендовите како Chic и Earth Wind and Fire владееле со музичкиот космос. Но, новиот звук на Владимир, оригиналното музичко изразување и современота продукција ќе ве вратат во сегашноста и ќе ви претставие силната иднина на овој жанр на музика. Во основа, Владимир Четкар може да се опише како оригинален музички коктел од звуците на гитарата на George Benson, аранжманот на Quincy Jones и Mauro Malavasi, вокалот на Earth Wind and Fire и ритамот на Jamiroquai.

 

Разговор со Владимир Четкар, емитуван во Утринската информативна програма на Радио Браво, „Започни го денот со Браво радио“.

 

Слични теми:

Џез фестивал во Куманово, петок 22-ри септември (интервју со Филип Стевановски и Маријан Стевановски)

 

 

© Radio Bravo - Kumanovo