• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Почина David Bowie

“Денес тој се упокои мирно, опкружен со своето семејство, по храбрата  18-месечна битка со ракот. И покрај тоа што многумина од вас ќе ја  споделат на оваа загуба со нас, ве молиме да ја почитувате приватноста на семејството за време на жалост”, стои во изјавата објавена на социјалните медиуми на профилите кои припаѓаат на пеачката  легенда.

David Bowie, чие вистинско име е David Robert Jones, има објавено 29 албуми, меѓу кои се “Space Odity” (1969), “Heroes” (1977), “Scary Monsters and Super creeps” (1980), “Let’s Dаnce”(1983),” Never let me down”(1987) и” Tin Machine”(1990).

Тој беше еден од пионерите на “Глам рокот” во раните седумдесетти години, а подоцна почнува да експериментира со соул, ритам и блуз и  со  електронската  музика.

Многу години бил зависник од дрога, зависност од која се лечи  на крајот на седумдесеттите години во Берлин, каде што дури и почнува да се занимава со сликарство и пост-панк музика.

Минатиот петок, на 8-ми јануари  Дејвид Боуви го прослави својот 69-ти роденден со нов албум “Black Star”. Оваа тажна вест ја потврди на својот Твитер профил и неговиот син, познат како Zouvi Боуви, кој напишал: “Со тага Потврдувам дека веста е вистина. Јас нема да бидам на интернет некое време, ви благодарам  на вашето разбирање.”

Играше во  голем број на филмови, особено  беше забележана неговата улога во хорор филмот “The Hunger” (Глад) од 1983 година, во режија на Тони Скот, во кој играа и Кетрин Денев и Сузан Сарандон. Добитник е на бројни награди за неговото музичко и актерско творештво  меѓу кои се наградите “Сатурн”, “Еми” Греми “,” Брит “и многу други. На последната голема турнеја беше во 2003 година.

© Radio Bravo - Kumanovo