• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Денови на жалост

Владатата ги прогласи 14-ти и 15-ти февруари за Денови на жалост во сеќавање на нашите сограѓани кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 13-ти февруари, околу 17:00 часот кога автобус на компанијата „Дурмо-турс“ излета од патот и се преврте кај месноста Карпалак. На Деновите на жалост, државното знаме ќе биде истакнато на половина копје.

Во овие два дена, според препораките на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, радиодифузерите треба да ја прилагодат програмата, така што музиката што ќе ја емитуваат ќе биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија, планирани да се емитуваат денеска, ќе ги прераспоредат за други денови од седмицата. Ова важи и за рекламирањето, додека за другите форми на комерцијални комуникации (телешопингот, спонзорството и пласирањето производи) нема ограничувања.

© Radio Bravo - Kumanovo