• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Радио Браво секојдневно доделува по две влезници за концертот на Дино Мерлин

Балканскиот волшебник, уметник, кантавтор и изведувач Дино Мерлин веќе цели две години својот „Хотел национал” го носи низ регионот. По ултрауспешниот концерт во Скопје, менаџментот на Мерлин одлучи концертот со дуплирана бројка на публика да го реализира и во бисерот на Македонија, во Охрид. На 23 јули, на стадионот „Билјанини Извори“, еден од најценетите изведувачи од регионот со почеток во 21.30 минути ќе почне да ја раскажува својата приказна „Хотел Национал“.

Цената на влезниците ова лето ќе биде за сечиј џеб. И за оние што случајно ќе се најдат во Охрид, но и за оние што со намера ќе тргнат на концерт. Почнувајќи од 650 денари за партер, преку 1.000 денари за фан пит, кој е ограничен на 2.500 влезници, сè до ВИП-влезница која чини 1.500 денари и до која можете да стигнете само преку резервација.

Меѓутоа, Радио Браво ви нуди ексклузивна можност да дојдете до вредните влезници, без никаков трошок. Имено, секој работен ден, во рамките пладневната информативна програма „Батали се, слушај Браво, спонзорирана од „Алфи техноцентар“, која се емитува на фрекфенцијата од 88,5Mhz во термин од 12 до 14 часот, само со телефонско јавување, во 12:45 часот, на телефоните 031/439-887 и 031/439-888 ќе добите две влезници, заедно со подарок пакетчиња со производите на „Цевитана“. Побрзајте со јавувањето, бидејќи влезниците ќе ги добие само најбрзиот слушател.

Dino Merlin Ohrid 2

Дино Мерлин во Охрид доаѓа после цели седум години пауза. Доаѓа со желба и идеја охридскиот концерт да го сруши рекордот на посетеност во текот на целата оваа турнеја, и да биде единственото место што ќе собере повеќе од 25.000 публика. Дино доаѓа 4 дена порано, за како што самиот вели, да ужива во убавините на Охрид и Струга.

Техничките параметри велат дека ова ќе биде концерт во вистинска смисла на зборот затоа што освен Мерлин и неговиот бенд, во Охрид пристигнуваат цели 4 шлепери со соодветна концертна опрема и 40 технички лица за да се распореди опремата. Истата онаа што патува од Љубљана, преку Сараево, Белград до Охрид.

© Radio Bravo - Kumanovo