• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Ѓурѓовденски средби 2016

Во селото Старо Нагоричане, вечерва се одржува традиционалното народно дружење ”Ѓурѓовденски средби 2016”, манифестација која се организира во чест на верскиот празник Ѓурѓовден, воедно селска слава на селото. И денеска, а во организација на општина Старо Нагоричане и КУД „Карпош“ ќе се одржи оваа забавно-музичка манифестација за која што Радио Браво информира и во денешниот Културен Информатор во 12:40; 14:20; 16:50 и 19:20 часот.

Darko Petkovski Danijela Dimitrijevic

 

Членовите на КУД „Карпош“, огранок Старо Нагоричане, Дарко Петковски и Данијела Димитријевиќ ги повикуваат сите заинтересирани да повелат вечерва во 18:30 часот на плоштадот во Старо Нагоричане и да уживаат во забавата која ќе им ја приредат гостите од културно уметничките друштва од Јагодина, Србија и од Куманово: КУД Српски вез и КУД Карпош. Разговорот со двајцата млади членови на КУД Карпош, друштвото која ја и организира манифестацијата „Ѓурѓовденски средби 2016“, можете да го слушнете со кликање на плеерот подолу.

© Radio Bravo - Kumanovo