• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

GITARIJADA Kumanovo 2019 – ГИТАРИЈАДА Куманово 2019

‘Art Attack’ го најавува првото возобновено издание на кумановската гитаријада „Гитаријада Куманово 2019“. Настан што е трајно врежан во меморијата на нашиот град како една од ретките можности на кои младите бендови имале можност да ја презентираат нивната музика.

Конкурсот за овој настан беше отворен до 10 ноември, а право на учество имаа сите авторски бендови и музичари без жанровски ограничувања.

Чест да го отворат овој настан ќе им припадне на кумановските рок ветерани кои специјално за оваа вечер ќе ги возобноват нивните групи: Тумба, Берлински зид, Ека Ника и Лектира.

Свој настап како гости на овој настан ќе имаат и гостите: Мајдан  (Ниш. Србија), Парампашчад & Бубњиви (Подгорица, Црна Гора), There (Ниш, Србија) и The Three of us од Скопје.

Гитаријада Куманово 2019 ќе се одржи на 29 ноември 2019 год. (петок) со почеток во 18:30 во Занаетчиски дом Куманово, влезот е слободен.

 

© Radio Bravo - Kumanovo