• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Коледарите ќе делат осветени бадникови гранчиња

Членовите на здружението „Коледари- чувари на традицијата“ веќе ги набраа коледарските дабови гранчиња, кои утре , среда, точно во 12 часот на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе бидат поделени на граѓаните. Претходно, во 11 часот, членовите на Здружението ќе се соберат пред Центарот за култура, за да во 11:30 часот во Соборниот храм „Свети Никола“ ја осветат и божиќната погача. По тој повод Киро Соларски член на здружението „Коледари“  ги покани сите кумановчани да повелат на овој убав чин кој ќе биде одбележан со музика на два оркестри (трубачи, зурли и тапани), греана ракија и топол чај. Оваа година, бадниковите гранчиња беа набрани кај манастирот Забел во општина Старо Нагоричане и таму во манастирот осветени, со цел утре да бидат поделени на верниците. Следува телефонското јавување на Киро Соларски

 

Браво Културен Информатор емитуван на 5-ти јануари 2016 година во 14:20; 16:50 и 19:25 часот на програмата на Радио Браво…

 

© Radio Bravo - Kumanovo