• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Културен Информатор најавува промоција на две книги на Јаготка Величковска

Јаготка Величковска, во вторник на 11 јули, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во 19 часот, ќе ги промовира две свои книги: романот „Судбината на малечката Јаготка“ и стихозбирката „Сеќавањата многу болат“.

Промотор е Стојан Арсиќ, а гостите на манифестацијата со своја музичка точка на гитара ќе ги забавува Јовица Ивановски.

Културен Информатор од 10-ти јули во 12:40; 14:20; 16:50 и 19:20 часот.

Целиот телефонски разговор со Јаготка Величковска, можете да го слушнете со кликање на плеерот подолу…

Нашата сограѓанка, Јаготка Величковска,  својот живот, својата судбина ја преточува и прераскажува на хартија. За жал како што вели таа ја раскажува својата трагедија и суровоста на животот. Исто така во подготовка се уште четири книги на Јаготка Величковска,  кои чекаат на свое објавување.

© Radio Bravo - Kumanovo