• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

„Културен информатор“ го следи фрлањето на крстот во македонските води

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстител. Празникот, кој уште се нарекува Водици поради големото осветување на водите што го извршува црквата на овој ден, се празнува уште од вториот век од нашата ера. На овој ден, традиционално во реките се положуваат крстови. Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи среќа и благослов во текот на целата година.

Културен информатор на Радио Браво, емитуван во четврток, 19-ти јануари, 2017-та година – Водици (12:40; 14:20; 16:50 и 19:2 часот).

Виктор Петковски е момчето кое имаше најмногу среќа од скокачите во Соборниот храм „Свети Никола“, од сите пријавени. Петковски по седми пат учествува на оваа традиционална манифестација, а светиот крст и во 2015 завршил во неговите среќни раце. Живее во населбата Којнаре, има 22 години и е невработен. Од свештеништвото на подарок доби икона и свет крст, како и накит од кумановската златара. Претходно во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и света литургија по повод празникот Богојавление.

Меѓу стотината верници кои утрово се фрлаа по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, повторно најсреќен беше Петар Рупески од Варош, кој годинава по четврти пат успеа прв да доплива до крстот. Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава го следеа неколку илјади граѓани. Како што беше најавено, среќниот фаќач на крстот од страна на црквата на подарок добива крст, а од локалната самоуправа икона. Манифестацијата Богојавление-Водици е во организација на Дебарско- кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“, како и фаќачите на светиот крст од минатите години.

Бобан Павловски од Охрид го фати крстот што беше положен во водите на реката Вардар од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. По повод големиот христијански празник Богојавленије Водици денеска во центарот на Скопје, на мостот „Слобода“  учествуваа голем број на верници и граѓани.

© Radio Bravo - Kumanovo