• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Kraftwerk во Скопје, Шербеџија со соработка со Тавитјан

Слушнете повеќе во денешниот Браво Културен Информатор во 12:40; 14:20; 16:50 и 19:20 часот.

Емитувано на Радио Браво на 27-ми февруари, 2018-та година.

Kraftwerk гостуваат во Скопје по 13 години од нивниот прв настап кај нас, кој сѐ уште важи за еден од најдобрите концерти кои било кога се одржале во Македонија, а овој пат ексклузивноста на нивното гостување е збогатена и со спектакуларното 3-Д визуелно шоу кое е дел од нивните концерти на исклучително успешната актуелна турнеја! За таа цел, секој од посетителите, при влезот на концертот ќе добие и брендирани 3-Д очила. Kraftwerk доаѓаат во Скопје со огромен тим кој ќе се погрижи овој концерт да биде доведен до перфекција и кој работи на комплетната техничка и продукциска реализација на секој од концертите во нивната турнеја.

Браќата Тавитјан заедно со легендарниот Раде Шербеџија направија одлична преработка на македонската песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“. Шербеџија од неодамна е и член на најпрестижната филмска академија – Оскар. Тој е уметничка големина со светско реноме и е човек кој целиот живот се залага за единство помеѓу народите, надминување на разликите и нивна комуникација преку културата.


© Radio Bravo - Kumanovo