• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Роберт Симоновски во Браво Културен Информатор

Во денешниот Браво Културен Информатор повеќе простор ќе отстапиме на отворањето на Биеналната изложба на слики и графики од Детски ликовен камп „АСНОМ“ 2014 -2015.  За изложбата, за Радио Браво зборува Роберт Симоновски, програмски соработник за културни манифестации и музичко сценски дејности во Фондацијата за Култура и Спорт Куманово.

Денеска точно напладне во 12 часот во холот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово е  отворена Биенална изложба на слики и графики од Детски ликовен камп „АСНОМ“ 2014 -2015.  Изложбата се приредува во соработка со Општина Куманово и Фондација за спорт и култура Куманово. Детскиот ликовен камп Асном е веќе успешна приказна која трае 5 години, каде учесници се децата од основните училишта од градот. За збогатување на програмата придонесе и настапот на Градскиот детски хор.

Роберт Симоновски програмски соработник за културни манифестации и музичко сценски дејности во Фондацијата за Култура и Спорт Куманово ги повика кумановчани да ја посетат изложбата во холот на НУЦК „Трајко Прокопиев“  која ќе биде поставена до 14-ти април и ќе содржи 28 цртежи и графики,10 скулптури и 28 слики во акрил техника. Со кликање на плеерот подолу, можете да го слушнете целиот разговор со Роберт Симоновски…

© Radio Bravo - Kumanovo