• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Успеси на кумановските спортисти во индивидуалните спортови


Изминативе денови, нашите спортисти Лука Гаревски и Андреј Петровски постигнаа успеси на две натпреварувања во своите спортови, триатлон и велосипедизам. За одбележување е дека и покрај тоа што и двајцата се натпреваруваат во спортови кои бараат врвна атлетска подготвеност, кои пак државата и општината ги смета за „мали“ спортови, тие се оставени на милост на своите најблиски. Но тоа е друга тема. Радио Браво денес само ќе ги одбележи нивните резултати.

Лука Гаревски го освои второто место на Државно првенство во триатлон. Дисциплината се состои од 750 м пливање, 20 км возење велосипед и 5 км трчање. Првенството се одржа во Радожда. Оваа трка беше добра подготовка за Балканско првенство во Бургас што ќе се одржи на 20 и 21 септември, на кое што Лука ќе ја претставува Македонија.

Андреј Петровски пак во моментов како репрезентативец на Македонија учествува на Младинските олимписки игри, кои се одржуваат во Нанџинг, Кина. Тој во дисциплината хронометар во велосипедизам пристигна на целта како девети. За жал во дисциплината БМХ, Андреј не успеја да се пласира во полуфиналето и заврши како 24 од 32 натпреварувачи.

© Radio Bravo - Kumanovo