• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Зошто регионот се радува на успехот на Вардар? (Спортски вести)

По втор пат во три години, ракометарите на Вардар станаа прваци на Европа! Уште еднаш слави Македонија, уште едаш се случи чудо во Ланксес арената, уште еднаш гори Скопје, гори Македонија, а „старата дама“ се поклонува на Давид, кој во два дена двапати го победи Голијат! Вака порталот balkan-handball. ја опишува вечерашната неверојатна победа на македонскиот Вардар.

Спортски вести, 3-ти јуни, во 14:10; 16:40 и 19:10 часот


Ракометарите на Вардар веќе неколку часа уживаат во привилегијата во следните 12 месеци да ги нарекуваат актуелни освојувачи на Лигата на шампионите. Откако минатата сезона не успеаја во намерата да го одбранат пехарот годинава тоа им успеа и дојдоа до тронот каде што ќе бидат најмалку една година. „Црвено-црните“ нокаутираа уште еден ривал и докажаа дека кога играат со срце и како што знаат никој не може да им застане на патот. Знаеја како во финалето да го совладаат Веспрем за да имаат причина за славење. Во три години успеаја двапати да се искачат на тронот и покажаа дека она што тие можат да го направат не може ниту еден друг тим во Европа.
Македонија одново е на врвот на европскиот клупски ракомет. Вардар одново е шампион на Европа. Вторпат во последните три сезони. Утринава се разбудивме со дожд. Но срцето е полно. Полно затоа што ракометарите нé израдуваа. Добро дојдовте шампиони, Македонија со душа ве чека. Град Скопје ќе го организира пречекот на ракометарите на Вардар од Келн. Засега уште не е познато точното време кога ќе слетаат во Скопје новите европски клупски ракометни прваци, а во Град Скопје моментно се договараат деталите околу пречекот на аеродромот и на плоштадот „Македонија“.
Втората европска титула на ракометарите на Вардар го крена регионот на нозе после големиот успех и бајката која заврши со среќен крај, после турбулентната година со беспарицата и повредите со кои се соочуваше македонската гордост.
Честитки за големиот успех остварен на неверојатен начин доаѓаат од сите страни од регионот. Сите тие навиваа за црвено-црните, што поради играчите од овие простори, што поради фактот дека успехот на Вардар не е само успех за Македонија, туку и успех за целиот Балкан. „Браво Вардар! Големи честитки. Баш уживав во вашите победи. Ги посрамотивте сите тие фудбалско-платенички шминкери! Зашто парите во новчаник не бијат битки, туку – срцето на јунаците“, напиша еден хрватски навивач во илјадниците честитки упатени кон црвено црните. Вардаровата приказна за патот кон европскиот трофеј е сценарио за филм, а српски навивач во две реченици го опишакако тоа би изгледало во кратки црти. „Оваа приказна заслужува филм! Момците, кои не примаат плата, кои носат голман од распадната лига, ја освојуваат титулата – првак на Европа. А, притоа на тој пат ги исфрлаат ‘аждаите’, пишува друг навивач од Србија
Европскиот ракометен првак Вардар кој зад себе има турбилентна сезона се очекува доцна навечер да пристигне во Македонија. „Црвено-црните“ цела сезона мака мачеа со низа проблеми, а секако тука најголеми беа финансиските. Пред заминувањето за Келн добија ветување дека ако ја донесат титулата ќе добијат 15.000 евра. Ова ветување го даде приватната болница Неуромедика која е голем поддржувач на спортот. Ова само треба да биде почетоко на стабилизација на клубот, како и градење на буџет за новата сезона.
И за крај. Идејата на „некои“ за пасивизацијата на Македонците е целосна успешна. Вчера, Вардар беше следен повеќе од надвор, отколку од Македонија. Повеќе се радуваше регионот, отколку Македонија. Па ние не знаеме да се израдуваме ниту на една светски популарна ѕвезда како што е Стинг. На концертот на стадионот во македонската метропола присуствуваа едвај пет – шест илјади со сеуште чиста глава. И затоа за крај на спортските вести, бидејќи Радио Браво е поинакво. Слушнете како заврши вчерашното гостување на Sting кај нас. Започнавме со Вардар, а завршуваме со
Next to you и и Sting.

© Radio Bravo - Kumanovo