• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Македонија има европски првак

Денешните Спортски вести на Радио Браво во целост се посветени на новите европски шампиони. Бошко Тасиќ, од лице место, Келн за Радио Браво.

Во Спортски вести за Радио Браво зборуваат европските шампиони: Стојанче Стоилов, Арпад Штербик, Алекс Душебаев, Тимур Дибиров, Илија Абутовиќ, Вуко Борозан, Данил Шишкарев, Мијајло Марсениќ, Игор Карачиќ и Иван Чупиќ.


Спортски вести на Радио Браво емитувани на 5-ти јуни, 2017-та, во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.

Ракометарите на Вардар се искачија на европскиот трон откако во финалето на Лигата на шампиони го совладаа ПСЖ со 24-23. Од дебитант на Ф4 во Келн, Вардар стигна до кровот на Европа. Нов драматичен меч и повторно решен со гол во последната секунда. Откако во полуфиналето, Циндриќ ја реши Барселона, во големото финале, таа улога му припадна на Чупиќ за огромно славје.

© Radio Bravo - Kumanovo