• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Поради финансии, откажан натпревар на ЖРК Куманово

За жал, денешните спортски вести на радио браво ќе ги почнеме со информација за неодигрување на еден спортски натпревар од државната супер лига. Во продолжение, следува дел од соопштението што до Радио Браво го испратија ракометарките на ЖРК Куманово.

Спортски вести на радио Браво во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.


Ако во еден град постојат добро развиени машки спортски дисциплини, а неадекватно женски, тогаш постои дискриминација Така е во повеќето спортови во нашиот град но за среќа не е случај кога е во прашање ракометот. Женскиот ракомет во Куманово ПОСТОИ и е на ниво на најдобрите машки колективи од градот, а сигурно и на повисоко ниво од нив сметајки ги резултатите во помладите категории. Неколку години наназад нашиот клуб, ЖРК Куманово високо котира во домашната супер лига,а на два пати изборивме право за настап во европскиот Челинџ куп и со право се надевавме дека локалната самоуправа поконкретно финансиски ќе го помогне нашиот клуб. Ние се стремиме да постигнеме и подобри резултати, како на домашна така и на меѓународна сцена. Поради тоа се надеваме дека во идната локалната самоуправа нема да остане глува на нашите барања и очекуваме разултагите на ЖРК Куманово подеднакво да бидат вреднувани, а со тоа да биде поправедна распределба на финансиските средства одобрени од Советот на општината. Во знак на протест поради неземање на никакви хонорари веќе подолго време нема да го одиграме нашиот нареден натпревар од 15 то закажан за денес со екипата на ЖРК Вардар. Воедно им се извинуваме на нашите спонзори  и на нашата верна пубпика и се надеваме дека и тие ќе го подржат нашиот став“, стои помеѓу другото во изјавата на ракометарките на на нашиот суперлигаш.

А од одбојкарскиот клуб Сити Волеј Славков Куманово, уште еден наш успешен женски клуб, не информираат дека поради учеството на нашите одбојкарки на Државното првенство во одбојка за помлади категории кое се одржува во Битола, сменет е стандардниот термин за одигрување на натпреварот од 10-то коло од сениорската државна одбојкарска лига за жени. Со тоа, натпреварот на нашите одбојкарки, наместо во сабота, ќе можете да го следите во недела со почеток во 12:00 ч. во салата на средното економско училиште Перо Наков.

Екипите на Макаби и на Барселона остварија победи во синоќешните натпревари од 25.коло на кошаркарската Евролигата и ги задржаа теоретските шанси за пласман во четвртфиналната фаза. Еве ги и резултатитер од петте завршени натпревари од 25.коло во Евролигата: ЦСКА Москва – Галатасарај 85:69, Фенербахче – Басконија 74:79, Жалгирис – Панатинаикос 64:58, Макаби – Армани Милано 92:82 и Барселона – Уникс Казан 70:62. Вечерва со три средби ќе се комплетира 25-то коло: Во нив се среќаваат: Анадолу Ефес – Бамберг, Олимпијакос – Дарушафака и Реал Мадрид – Црвена звезда.

Продолжува фантастичната серија на Расел Вестбрук во НБА лигата. Тој го оствари 31. „трипл-дабл“ во сезоната, откако Оклахома го совлада Сан Антонио со 102-92. Вестбрук запиша 23 поени и се израмни со легендарниот Вилт Чембрлен по бројот на „трипл-дабл“ во една натпреварувачка сезона. Кливленд загуби со 106-101 на гостувањето против Детроит, со што го претрпе 21 пораз сезонава. Не помогна ниту Леброн Џејмс и неговите 29 поени, 10 асистенции и 13 скока. Лос Анџелес Клиперс го победи Мемфис со 98-114, а Лејкерси на гостувањето против Феникс се радуваа со 110-122



© Radio Bravo - Kumanovo