Петтиот ден на Светското првенство во Германија и Данска носи вкупно 12 натпревари, а тоа се дуели од 3. коло по кои може веќе да бидат добиени неколку репрезентации кои ќе си обезбедат место во Втората рунда и разигрувањето за пласман во полуфиналето. Македонија својот прв важен натпревар го има против составот на Хрватска, а овој дуел стартува од 18 часот. Во продолжение, ексклузивно за Радио Браво, пред балканскота пресметка, Македонија – Хрватска говорат: селекторот Лино Червар и поранешниот вардарец Лука Циндриќ .
За атмосверата во македонската репрезентација слушнете од селекторот Раул Гонзалес, капитенот Кире Лазаров, и дебитантот Филип Чурлевски.
Групата Б, практично е едиствена ситуацијата да има три репрезентации со по четири бода така што е сосема извесно дека тука ќе има убав ден за да се види кои репрезентации ќе се најдат на чекор од вториот круг, па затоа останува да се одработи добро денешниот ден