• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

ЖРК Куманово – Хелветиа Алкобентас Мадрид, сабота 19:30

Претстојниот викенд, поточно во сабота, во спортската сала со почеток од 19:30 часот, кумановчани ќе имаат можност по подолго време да гледаат спортски натпревар кој е дел од едно европско натпреварување. Имено ЖРК Куманово како претставник на Македонија во EHF Challenge купот ќе го игра првиот натпревар од второто коло против екипата на  Хелветиа Алкобентас од Мадрид, Шпанија. А со каква екипа ќе се спротистават нашите млади ракометарки во Спортските Вести на Радио Браво ве запознава Антонио Ивановски, прв тренер на ЖРК Куманово.

Спортски вести, емитувани во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот на 14-ти октомври 2016-та година.

 

ЖРК Куманово е претставник на Македонија во EHF Challenge купот, како третопласирана екипа од минатото првенство, веднаш зад ЖРК Вардар, учесник на Ф4 турнирот од Лигата на шампионит и ЖРК Металург кој е составен од репрезентативки на Македонија.

antonio-ivanovski

„ЖРК Куманово е вистински „кумановски клуб“, бидејќи во него членуваат единствено девојки од нашиот град, кои своите први чекори ги направиле во пионерската екипа на клубот, која пак минатава сезона го освои второто место во државното првенство“, изјави за Спортските Вести на Радио Браво, Антонио Ивановски. Токму од таа селекција, во сабота ќе имаме можност да видиме и неколку девојчиња кои храбро ќе се спротистават на Хелветиа Алкобента.

zrk-kumanovo

ЖРК Куманово заслужува подршка. Затоа на крајот на денешните спортски вести уште еден апел за сите спортски вљубеници, утре во 19: 30 часот во спортската сала да бидат дел од еден европски спортски натпревар зато што со оглед на финансиската состојба на спортот, прашање е кога повторно ќе ја имаме истата можност.

© Radio Bravo - Kumanovo