• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Прв пораз на ракометарите на Светското првенство

По двете уводни победи на репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Германија нашиот ракометен машки тим го доживеа првио тпораз, 22-31 од Хрватска. Македонија одигра брз натпревар со многу трчање и тактично надмудрување на двата селектори. Тргнавме со добра игра и „7 на 6″. Правевме шанси и доаѓавме во ситуација за постигнување гол, често и зицер. Но, голманот на Хрватска, Марин Шего имаше своја вечер со вкупно 12 одбрано, а најголемиот дел беа од чисти ситуации. Од спротивнаста страна пак, Хрватска ги казнуваше нашите нереализирани напади и грешки, па добра дел од постигнатите голови беа толку во моменти кога немавме голман меѓу стативите. По натпреварот, нашите репрезентативци во своите изјави се сложија дека поразот е нереално висок и дека е резултат на неискористените шанси и на одличниот противнички голман Шего. Следуваат изјавите на селекторот Гонзалес и носителите на играта во нашата репрезентација: капитенот Лазаров, крилото Манасков и пивотот Стоилов.


Утре треба да играме со Шпанија, а потоа и со Исланд. Веројатно решавачки дуел ќе биде тој со Исланд за пласман во Главната Фаза. Ние секако продолжуваме во Келн каде се играат мечевите од следната фаза но и натпреварите од Президент Купот за пласман од 13 до 18 место.

Инаку на Мундијалот вчера се одиграа мечевите од третата рунда во сите четири групи, а денеска на програмата се натпреварите од четвртата рунда во групите А и Ц. Во првиот меч од групата А силите ќе ги одмерат Русија и Бразил, а потоа Кореја и Србија. Вечерниот термин е резервиран за првата супер пресметка на помеѓу домаќинот Германија и светската велесила Франција, додека во меч од групата Ц се среќаваат Австрија и Данска..

© Radio Bravo - Kumanovo