• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Македонија против светскиот првак, Шпанија

Втората шанса за пласман во втората фаза на светското првенство, Македонија ја бара вечерва против актуелниот европски првак и главниот фаворит во групата Б во Минхен, Шпанија. Натпреварот се игра во вечерниот термин со почеток во 20:30 часот. Како и со Хрватска, така и со „фуријата“ бројките не се во полза на нашите ракометари, но во спортот се е можно, а и надежта последна умира. Атмосверата во нашата репрезентација во спортските вести на радио браво ќе ни ја пренесат двата столба во нашата игра, Кире Лазаров и Стојанче Стоилов.


Селекторот на Македонија го одбра составот на нашата селекција за вечерашниот меч против Шпанија. Тој е ист како и на претходните натпревари, па на трибините ќе останат голманот Златко Даскаловски и пивотменот Милан Лазаревски.

Серијата на Шпанија во дуелите со Македонија е 6-0, од која една победа е мундијалска, три се од соочувањата на европските првенства, додека две во квалификациите за европското првенство што се одржа во 2014-та година. Со Шпанците вторпат се соочуваме во групната фаза на мундијалите. „Фуријата” ни беше противник и на светското првенство во Франција од пред две години кога исто така во четвртото коло од групната фаза славеше со 25:29. На континенталните собири последен пат игравме лани во јануари на во Хрватска, кога во Вараждин, во главната фаза загубивме со 20:31. Пораз од нив имаме и на дебитантскиот настап на европските првенства во 1998 година со резултат 26:19.

Покрај Македонија и Шпанија чиј дуел, да повторам започнува во 20:30 часот, денеска се играат уште пет натпревари на светското првенство. Со средбите Јапонија – Исланд и Ангола – Аргентина, во 15:30 часот се отвара денешната програма. Од 18 часот се среќаваат: Унгарија – Египет и Хрватска – Бахреин, а во терминот од 20:30 часот е закажана и средбата Катар – Шведска.

© Radio Bravo - Kumanovo