• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Сите едногласно: „Вечерва е да се биде или не“

Последниот ден од првата фаза на Мундијалот во Германија и во Данска означува точно една недела од почетокот на шампионатот и на програмата се вкупно 12 дуели после кои ќе бидат формирани новите две групи на кои ќе дојде до пресметки за место во полуфиналето.  Од 18:00 часот против Исланд е натпреварот да се биде или не за нашите ракометари. Математиката е јасна, ако сакаме во топ 12 ни треба победа! Доколку одиграме реми или Исланд победи тие одат понатаму. Во таква ситуација сме поради високите порази од Шпанија и Хрватска, па Исланд има подобра гол-разлика. За атмосверата во македонската ракометна репрезентацијаљ по вчерашниот убедлив пораз од Шпанија, а пред денешниот клучен натпревар со Исланд говорат: голманите Никола Митревски и Борко Ристевски и пивотменот Стојанче Стоилов.


Македонија и Исланд се сретнале 15 пати, нашиот национален тим има три победи, едно реми, Исланд се радувал против Македонија 11 пати, еднаш игравме на Светско првенство   во 2013  во Шпанија и тоа исто така во група Б, загубивме со 23-19. Македонија го победила Исланд три пати, два пати во квалификации за Европско и еднаш за Светско првенство, никогаш на големите турнири а сме се сретнале два пати на собир на најдобрите во Светот  и еднаш на Европското првенство.

За последното коло од групната фаза на Светското првенство, ИХФ одлучи да направи ротации на дел од судиите. Претходно имаше судиски двојки задолжени за секоја група, но овој пат Швеѓаните ни доѓаат од групата во Берлин. Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик судеа во А групата, ја делеа правдата на дуелите Бразил – Франција, Русија – Германија и Србија – Кореја, но сега се прекомандувани во Минхен и го добија мечот Македонија – Исланд, кој на крајот, уште еднаш да повторам се игра во во „Олимпија Хале “ со почеток во 18 часот.

© Radio Bravo - Kumanovo