• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Кире Лазаров со подршка за младите, Раул…одиме понатаму

Македонската спортска и светската ракометна легенда, капитенот на нашиот национален тим, Кире Лазаров е најкорисниот играч по првата фаза на Светското првенство 2019 во Германија и Данска. Можеби Македонија не успеја да влезе во најдобрите 12 селекции на светот, но може да се гордееме на десниот бек, кој ја предводеше репрезентацијата во петте дуели во групата Б во Минхен. Лазаров има најголем број голови и асистенции во досегашниот тек од шампионатот. Тој има 30 погодоци и 25 асистенции во групната фаза и отскокнува со својата статистика пред конкуренцијата.

Во Спортските Вести на Радио Браво,  ја слушаме анализата на нашиот капитен Кире Лазаров за настапат на македонската ракометна репрезентација, дадена по натпреварот со Исланд на известувач на Радио Браво од Минхен, Бошко Тасиќ.


Спортските Вести на Радио Браво во 14:10, 16:40 и 19:10 часот.

Уште пред почетокот на првенството кажав дека пласман во втора фаза со вака подмладена репрезентација ќе биде еднаков на светско чудо. Овде дојдовме со детска градинка, но сепак имам само пофални зборови за младите, кои допрва треба да се пробијат во репрезентацијата. Овие млади играчи се наш голем потенцијал. И јас сум бил млад и на почетокот од кариерата сум имал многу промашени натпревари кои ми донеле големо искуство. Токму ваквите натпревари многу значат за овие млади момци во собирањето на искуство кое многу ќе им значи во иднина. Затоа мора да им дадеме поддршка, бидејќи иднината е пред нив. Факт е дека не успеавме во реализацијата на нашите амбиции, но ова невлегување меѓу најдобрите 12 селекции на СП не треба да не демотивира, туку напротив, да не охрабри сите да веруваме во генерацијата што доаѓа. Треба да ги засукаме ракавите и уште повеќе да се работи. Не треба сега да се предадеме и се што градевме досега да го фрлиме во вода. Исто така, факт е дека потајно посакувавме олимписки квалификации, но знаевме дека ова ќе биде тешко остварливо. Блиску сме до пласман на Европското првенство што ќе се игра во 2020 година и преку тие натпрвари ќе имаме уште една шанса за пласман во квалификациите на ЛОИ. Токму затоа не треба да се откажуваме. Грешките кои ги направивме ќе се потрудиме да ги поправиме. Одиме понатаму со крената глава. Морам да кажам дека многу ни недостасуваа искусните играчи од последното ЕП, пред се Филип Миркуловски, Никола Маркоски, Мартин Велковски, Ацо Јоноски, Гоце Ојлески… Во спортот
има и победи и порази.

 

© Radio Bravo - Kumanovo