• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Со Шпанија за самодоверба, со Исланд за третото место во групата

Македонската ракометна репрезентација денеска на Светското првенство игра со Исланд, натпревар од кој зависи пласманот на нашите ракометари во групата. Доколку избраниците на Лино Червар победат, тогаш Македонија ќе заврши на третото место во групата и во осминафиналето ќе игра со Норвешка. Доколку изгубиме, тогаш во осминафиналето ќе играме со домаќинот Франција, репрезенатција која е фаворит за освојување на титулата. За да ја избегнеме Франција, ни одговара и нерешен резултат. Натпреварот започнува во 17:45 часот со директен пренос на МРТ.

Бошко Тасиќ, од Мец, за Спортските Вести на Радио Браво (12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот).

На Светското првенство во ракомет во Франција денеска се играа дуелите од 5.коло (последно) од групите А и Б.
Распоред на натпреварите Б група: Тунис – Ангола, Македонија – Исланд, Шпанија – Словенија.
Табела: Шпанија 8, Словенија 7, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.

Распоред на натпреварите А група:
Русија – Бразил, Франција – Полска и Норвешка – Јапонија.
Табела: Франција 8, Норвешка 6, Русија 4, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.

Од овие две групи пласман во 1/8 финалето имаат обезбедено: Шпанија , Словенија, Македонија, Франција, Норвешка, Русија, Бразил. Последното место ќе го пополнат Исланд или Тунис.

Резултати од натпреварите што се одигра вчера:
Македонија – Шпанија 25:29 (Б група),
Саудиска Арабија – Унгарија 24:37, Белорусија – Германија 25:31, Хрватска – Чиле 37:22 (Ц група),
Аргентина – Египет 26:31, Данска – Бахреин 30:26 и Шведска – Катар 36:25 (Д група).

Табела А група: Франција 8 бодови, Норвешка 6, Русија 4, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.
Табела Б група: Шпанија 8, Словенија 7, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.
Табела Ц група: Хрватска 8, Германија 8, Унгарија 4, Белорусија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0.
Табела Д група: Данска 8, Шведска 6, Египет 6, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0.

© Radio Bravo - Kumanovo