• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Со Норвешка, за историја!

Во денешните Спортски Вести на Радио Браво, пред да го слушнеме последното јавување на Бошко Тасиќ од Мец, кој пак од денеска е во Албервил, ќе ги слушнеме и нашите ракометни херои во Франција. Редоследно: селекторот Лино Червар, капитенот, Кире Лазаров, крилата Георгиевски и Манасков, бековите Талевски и Миркуловски и на крај, претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов…

Со две победи, два порази и едно реми, целта е остварена. Четврти пад по ред на Мундијалите одиме во втората фаза. Најдобар се разбира, Кире Лазаров кој за сега е стрелец број 1 на Светското со 44 гола. Шпанците ги попари со три цепелини. Се водеа тешки битки од кои најмногу ќотек изедоа Столе и Жути. Лино форсираше напад со седуммина, тактика поради која често се нервиравме бидејќи примавме голови без никој да стои покрај стативите. Со Норвешка бркаме историја. Среќно момци.

© Radio Bravo - Kumanovo