• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Со или без Кире, одиме на победа!

Спортски вести на Радио Браво, емитувани на 23-ти јануари во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.


Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва во Вараждин, на Европското првенство, во второто коло во Групата-2 ќе се соочи со репрезентацијата на Чешка. Двете селекции во вотрата фаза на првенството стартуваа со пораз, Македонија од Шпанија, а Чешка од Германија. Победа над овој противник ќе ја остави Македонија во игра за пласман во полу-финалето во пресрет на дуелот со Данска. Пред овој, до сега, најважен дуел на македонските ракометна репрезентација на европското првенство, нема да има измени во тимот на Македонија. Селекторот Раул Гонзалез  (аудио) ќе чека до самиот почеток на натпреварот за настап на капитенот Кире Лазаров.

Еден од пикерите кои добиваат добра минутажа на ова првенство, Жарко Пешевски (аудио) очекува добра средба против Чешка, а вели дека тој, Стојанче Стоилов и Никола Маркоски се секогаш подготвени за да го дадат максимумот на теренот. Очекува одличен натпревар, а самиот вели дека пивотите ќе имаат што да покажат.

Се очекува на теренот да се врати Филип Миркуловски кој беше поштеден на неделната средба со Шпанија. Натпреварот Македонија – Чешка започнува во 20 часот и 30 минути, а правдата на дуелот ќе ја делат руските судии Евгениј Зотин и Николај Володков. Претходно, во 18 часот и 15 минути, се игра уште еден меч од 2-то коло во групата два, во кој што се среќаваат селекциите на Словенија и Шпанија.

Убедливи победи на Франција и Шведска во првата група од втората фаза на ЕП во ракомет во Хрватска. Франција славеше очекувано против Србија со 39-30 и веќе се пласира во полуфиналната фаза додека Шведска беше подобра со 29-20 во дуелот со Белорусија и за второто место во групата ќе се бори со Хрватска. Во последното коло Шведска игра со Норвешка додека Хрватска е противник на Франција.

© Radio Bravo - Kumanovo