• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Светосавска академија по повод националниот празник на Србите, Свети Сава

По повод националниот празник на Србите во Македонија, Регионалниот одбор на Српската заедница во Куманово, на 26 јануари, во кумановскиот театар организира Свечена Светосавска академија. Горан Зафировиќ, потпретседател на Српската заедница во Македонија во телефонскиот разговор информира дека овој национален празник со пригодна програма ќе се одбележи во повеќе градови низ државава.

Повеќе за настанот, слушнете во Културниот информатор на Радио Браво во: 12:40; 14:20; 16:50 и 19:20 часот.

На Светосавската академија, пред присутните ќе се обратат гости од Република Србија и Македонија, а веднаш потоа ќе следува Традиционална музика од Балканот во изведба на Даница Крстиќ, Беседа на мајката на Свети Сава во изведба на Народниот театар од Белград. Наташа Диденко, Александра Коцевска и Глигор Гелебешев ќе изведат точка со српски изворни песни, а за самиот крај ќе следува настапот на членовите на Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово. Настанот ќе започне вечерва со почеток во 19 часот.

© Radio Bravo - Kumanovo