• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Велигден, “Христос Воскресе“!!!

Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по Велики петок. Марија

Православните христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.



Без верување во Христовото воскресение не е можно да се верува во Христа како Спасител. Со еден збор: не е можно Христијанството; не е можно да се биде Христијанин. Затоа Апостолот Павле одлучно и јасно изјавува: „Ако Христос не воскресна, празна е нашата проповед, празна њ и вашата вера”. Сè е изгубено, сè е пропаднато, ако Христос не воскресна – вели св. Златоуст, објаснувајќи ги овие апостолски зборови.

Без Христовото воскресение – сè е привид: и Христос, и сите негови дела, и севкупното Негово учење. Затоа и самиот Спасител уште за врeме на своето живеење на земјата укажуваше на своето воскресение како на настан кој ќе ја објасни и неговата Личност и Неговото дело. Така по своето Преображение Спасителот на своите ученици им заповеда никому да не му кажуваат шта виделе додека Тој да стане од мртвите. Зашто, дури во светлината на Воскресението станува јасен и настанот на Преображението, и целиот живот на Богочовекот и севкупното Негово учење, затоа што дури со своето воскресение од мртвите Исус неспорно и сеубедливо посведочи дека Тој навистина е Бог и Син Божји.

Пред Своето воскресение Спасителот поучувал за вечниот живот, но со воскресението покажа дека Тој навистина е вечниот живот. Пред Своето воскресение Тој поучуваше за воскресението на мртвите, но со воскресението покажа дека Тој навистина е воскресението од мртви. Пред Своето воскресение Тој поучуваше дека верувањето во Него преведува од смрт во живот, но со своето воскресение покажа дека ја победи смртта и со тоа на осмртените луѓе им го осигура преминувањето од смртта во бесмртноста. Со еден збор: севкупното учење на Спасителот ја добива својата потврда и образложение во Неговото воскресение.

Со Воскресението од гробот Хрисос ги круниса сите празници. Тој доброволно пострада на Крстот за искупување на нас, грешните на Велики Петок (Големиот Петок). Според Светото Писмо, во часот кога Он пострада на Крстот, многу гробови во близината на Ерусалим испукале и некои праведници дури во тој момент станале од нивните гробови.

Бог страдаше и воскресна по ради Својата безмерна љубов кон човекот. И бидејќи Божјото воплотување и воскреснување е осмислено единствено со љубовта, така и делото на спасението на човекот е невозможно без подвигот на љубовта. Тој подвиг Бог постојано го очекува и од нас, бидејќи „љубовта е исполнување на Законот”. Украсувајќи си го животот со вера и срцето со чистота, да го исполниме благословот на свети апостол Јован кој вели: „Кој го сака брата си, тој е во светлината”.

© Radio Bravo - Kumanovo