• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

ВЕЛИКИ ПЕТОК – најтажниот празник во православието

Во сите храмови на МПЦ-ОА, денеска се одбележува Велики Петок, ден на страдањето и смртта на Исус Христус.
Велики Петок се празнува со читање на извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањето на Синот божји.
Според преданието, Христос починал на крст на шестиот час од денот, а во истиот час, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале. Од тогаш, на Велики Петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога за прв пат ќе се огласи радосната вест за Христовото воскресение. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговот воскресение.
Како се празнува Велигден, слушнете во следните 18 минути…



Самата Христијанска црква го придонесувала симболот на Велики Петок бидејќи в црква тој ден симболично бил прикажан гробот закитен со најубаво цвеќе така што верниците целите два дена доаѓале на поклонување на импровизираниот Христијански гроб. Тој ден била строго забранета секаква работа како во куќата така и во нивата. В петок вечерта в црква се пее опело со кое се одбележува погребувањето на Исус Христос.

Во саботата се довршуваат заостанатите работи околу приготвувањето на јадењето со месење на разни велигденски теста украсени со јајца, се коле јагне или живина за Велигден.

Со празникот Велигден се завршува 40 дневниот Велики пост. Во народот Велигден по Божиќ се смета за најголем христијански празник и се празнува три дена. Велигден е еден од најстари празници и се споменува дури во II век. Велигден секогаш паѓа во недела и тоа во прва по полн месец – пролетна рамнодневница и може да се движи во период од пет недели или 35 дена.

Во одбележувањето на Велигден преовладуваат црковни елементи бидејќи се одбележува во спомен на Христовото страдање – смртно и неговото воскреснување од мртви. Во самата народна традиција на одбележување содржани се елементи сочувани од старата религијска епоха, а се сврзани за култот на природата, т.е. по новото раѓање на природата и многу обреди и обичаи со цел да се обезбеди добро здравје, бериќетна година како и заштита од сите неволји и зли сили кои човекот го опкружуваат во текот на пролетта. Затоа главни елементи се растенијата, зеленилото, водата, оганот, боените јајца како симбол на животот, а неизоставен е и култот на предокот. Самиот празник е ден на радост и општа веселба. Тој ден сите се поздравуваат меѓусебно со “Христос Воскресе” и отпоздравуваат со “Ваистина Воскресе”. На тој ден после полноќта во црквата се одбележува воскреснување на Исус Христос со биење камбана и кружење околу црква. Обичај е овој ден децата да ги посетуваат куќите и да собираат јајца и пари. Се подготвува богата трпеза, од разни теста, јајца, печено јагне. Домашните меѓусебно се кршат со јајца, а особена радост е за децата. Оној чие јајце ќе остане здраво, ќе биде успешен во текот на целата година. Другиот ден на Велигден се посетуваат гробиштата, т.е. народните обичаи се поврзани со култот на мртвите. Се носат боени јајца и месени теста и се раздаваат за душа на покојниот.

Во различни делови на светот, различно се слави Велгден. Ви пренесуваме некои од најчудните.

Швеѓаните сакаат да го слават Валпургис, кој се одвива во ноќта на 30 април, а се прославува на тој начин што се пали оган за да се растераат злите духови и вештерките. Тогаш малите девојчиња се маскираат во вештерки и одат од куќа на куќа барајќи слатки. Но бидејќи Велигден и Валпургис се близу според датумите, често се среќаваат мали вештерки како трчаат наоколу и на Велигден.

Во Чешка за време на велигденската недела популарно е да се тепа девојката или жената со Помлазк, односно украсена гранка. Но не станува збор за свиреп обичај, бидејќи „камшикувањето“ е за доброто на жената. Всушност, онаа жена која ќе биде удирана по нозете, цела година ќе ја следи среќа и здравје.

Најкрвавото место за време на Велигден се Филипините. Таму е обичај да се камшикуваат и распнуваат на крст за мештаните да се потсетат на страдањата на Исус. Овој крвав обичај не успеа да го запре ниту Министерството за здравство, но успеаа да се изборат за стерилизирани клинци кои на луѓето им се забиваат на крстовите.

За време на Семана Сенте, односно Велигденската недела во Шпанија изгледа како на состанок на Кју-клукс клановите. Чудно облечени луѓе, со качулки на главите, шетаат по улиците за останатите да ги потсетат на смртта и воскреснувањето на Исус. „Танцот на смртта“, како што Шпанците го нарекуваат овој ритуал, почнува на полноќ, а завршува во три часот изутрина со застрашувачки костури кои во кутии носат пепел.

Во Полска веруваат дека главата на куќата никако не смее да се замеша во подготвувањето на велигденскиот леб, бидејќи мустаците ќе му обелат и паднат.

Во Норвешка на самиот Велигден се решаваат крим мистерии, а најчесто убиства. Издавачите тогаш публикуваат специјални изданија, така наречени велигденски трилери. Норвежаните толку го сакаат овој обичај што дури и на опаковските од млекото ставаат крими загонетки кои граѓаните би можеле да ги решаваат.

„Билби“ е популарна чоколадна маскота на зајак во Австралија, која таму ја обожуваат, но да ја кршат. Во остатокот на католичкиот свет чоколадното зајаче е еден од најубавите и најдраги симболи на Велигден, но Австралијците не го поднесуваат бидејќи го сметаат за штеточина кој им ги уништува посевите.

Словаците на Велигденскиот понеделник сакаат жените да ги полеваат со канти вода, а овој обичај го нарукуваат „Obilevacka“. Се верува дека откако ќе бидат полеани со вода, девојките ќе останат свежи во текот на целата година.

© Radio Bravo - Kumanovo