• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Од недела започнува зимското сметање на времето


Во недела, 26 октомври започнува зимското сметање на времето, со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад. Така, три часот по полноќ ќе се смета како два часот.

Премин од зимско на летно сметање на времето и обратно е воведено во седумдесетина држави, претежно на северната хемисфера. Исланд е единствената европска земја, која не го воведува зимското и летното сметање на времето.

Промените во сметањето на времето се прават во ноќта од сабота кон недела за да не се предизвикаат поголеми проблеми за работното население на почетокот на работната седмица.

© Radio Bravo - Kumanovo