Вештината во кулинарството и декорацијата на маса повторно е предизвик за многу домаќинки да ги покажат своите способности.
Во сабота, на 4-ти март во ресторанот „Палас“, со почеток во 19 часот ќе се одржи 25-та манифестација „Вешта жена“. До сега се пријавени шест кандидатки меѓу кои и магистер Анита Ѓорѓиоска, виш кустос во Музеј Куманово.
Ѓорѓиоска ни беше гостинка во Радио Браво и ни откри дека нејзината маса ќе биде во духот на традиционално градска трпеза. Темата и е инспирација од долгогодишното искуство на професионален план.
Најдобро приготвената храна и трпеза како избор од посетителите и жирито, во месец мај ќе учествува на државното првенство „Вешта жена“, кое ќе се одржи во Тетово.