• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Анита Ѓорѓиоска, учесник во манифестацијата „Вешта жена“

Вештината во кулинарството и декорацијата на маса повторно е предизвик за многу домаќинки да ги покажат своите способности.

Во сабота, на 4-ти март во ресторанот „Палас“, со почеток во 19 часот ќе се одржи 25-та манифестација „Вешта жена“. До сега се пријавени шест кандидатки меѓу кои и магистер Анита Ѓорѓиоска,  виш кустос во Музеј Куманово.

Ѓорѓиоска ни беше гостинка во Радио Браво и ни откри дека нејзината маса ќе биде во духот на традиционално градска трпеза. Темата и е инспирација од долгогодишното искуство на професионален план.

Најдобро приготвената храна и трпеза како избор од посетителите и жирито, во месец мај ќе учествува на државното првенство „Вешта жена“, кое ќе се одржи во Тетово.

© Radio Bravo - Kumanovo