Македонската песна на овогодинешниот Евросонг што ќе се одржи во мај, “Lost and Found“, во изведба на бендот Eye Que, беше промовирана во завчерашниот Дневик на Македонската Телевизија, а денес пак Радио Браво ја „користи“ за Премиера Хит. Музиката и текстот за песната ги напиша фронтменот на Eye Que, Бојан Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров. Режисерот на спотот е Јован Коцировски, додека огромен тим бил задолжен за тој да изгледа беспрекорно бидејќи е снимен во еден непрекинат кадар.