• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Промоција на романот на Катарина Јовчевска во Радио Браво

Младата поетеса Катарина Јовчевска по издадени три збирки поезија, го претставува својот автобиографски роман „Заробеник во сопствениот живот“.


Катарина Јовчевска е родена 1977 година во Малме, Шведска, но речиси целиот свој живот го поминува во Куманово.Беше член на Друштвото за наука, култура и уметност ,,Браќа Миладиновци“, од Струга, на Друштвото на писателите  од Куманово, Клубот на книжевни творци „Симбиоза“  и на Здружението на новинарите од Куманово. Досега има објавено три збирки поезија: „Воздишки и мечти“, „Во двобој со желбите“ и „Одисеја на мислите“ и неколку заеднички збирки со разни автори. Со свои песни учествувала  на неколку поетски фестивали во Македонија, но и на детски фестивали во Куманово. Младата поетеса Катарина Јовчевска не почести со уште еден нејзин авторски труд. Станува збор за автобиографскиот роман „Заробеник во сопствениот живот“.


© Radio Bravo - Kumanovo